Адвокатската канцеларија Филиповски започна со вршење на адвокатска дејност од 1991 година. Постојано усовршувајќи го своето работење истата прераснува во современа адвокатска канцеларија со целосно изградена кадровска и техничка структура, соодветно подготвена да ги реализира најсложените барања на странките. Препознатливоста на канцеларијата е создадена со нејзиното ангажирање во сложени правни предмети, процесуирани пред највисоките судски органи во земјата и странство. Сопственикот на адвокатската канцеларија, адвокатот Самоил Филиповски е исто така и дипломат со стекнат дипломатски назив од највисок ранг-амбасадор, така што неговите практични искуства и контакти во меѓународната заедница внесуваат посебно и високо ниво на квалитет во давањето на адвокатските услуги.

Дејности на адвокатската канцеларија:

  • Заштита на правата и интересите на физички и правни лица од земјата и странство пред судовите и органите на државната управа во Р. Македонија, како и заштита на правата и интересите на домашни правни и физички лица во странство, преку соработка со еминентни адвокатски канцеларии во странство.
  • Заштита на правата и интересите на странските инвестиции во Р. Македонија, како и поддршка во изработката и реализацијата на нивните инвестициони проекти во Р. Македонија. Поддршка и реализација на проекти во рамките на програмите за развојна помош и искористување на финансиски средства од инвестициони фондови наменети за јавен и приватен сектор.
  • Подготовка, поддршка и учество на сопствен кадар на ниво на експерти во меѓународни владини и невладини организации.

Принципи во работењето на адвокатската кацеларија се:

  • Доверливост
  • Стручност
  • Точност и исполнителност

Територија на делување:
Р. Македонија и државите од регионот на Југоисточна и Средна Европа.

Соодветно на сопствените расположливи капацитети, канцеларијата овозможува тековна комуникација на македонски, албански, словенечки, англиски, српски, хрватски и бугарски јазик, а по потреба возможно е и организирање на комуникација на јазикот, кој го говори странката.

За целосно и потполно извршување на услугите канцеларијата има солидно изградена соработка со вршители на нотарска дејност, извршители и други стручни лица, со надворешни соработници од редот на универзитетски професори од земјата и странство, истакнати експерти од најразлични дејности, високи претставници и дипломати од земјата и странство.

Facebook Twitter MySpace Google
Дома | Услуги | За нас | Контакт
© Copyright 2010 Филиповски - Скопје