За нас

Самоил Ј. Филиповски

Сопственик / Адвокат

А двокатот Самоил Филиповски е сопственик на канцеларијата. Роден е во Скопје, во 1962 година. Дипломира на Правниот факултет при универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 1986 година. Правосудниот испит го положи во 1989 година, а адвокатската дејност ја започнува во 1991 година. Во 1996 година специјализира на Централниот Европски универзитет во Будимпешта во областа на бизнис правото. Во 2004 година станува придружен член на EURO LEGAL асоцијацијата на адвокати. Во 2005/2006 година именуван е за член на Правниот совет на Владата на РМ како постојано консултативно тело. Во периодот од 2006 до 2010 година ја извршува функцијата Амбасадор на Република Македонија во Република Словенија.

Области на работа: казнено, граѓанско, стопанско и деловно право. Има објавено повеќе стручни публикации и научни трудови во областа на казненото право во Република Македонија. Зборува англиски и словенечки јазик.

 
Facebook Twitter MySpace Google
Дома | Услуги | За нас | Контакт
© Copyright 2010 Филиповски - Скопје